Македонија во најслабата група во Лигата на нациите

 

Заедно со  Белорусија, Литванија, Грузија, Ерменија, Фарските Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Андора, Лихтенштајн, Малта, Косово, Гибралтар и Сан Марино, македонската фудбалска репрезентација се најде во најслабата група на „Лига на нации“, натпреварување које УЕФА ќе почне да го организира од септември, идната година. Всушност, ова натпреварување треба да го замени периодот на пријателските натпревари во текот на репрезентативните термини кои се достапни за сите селекции.

Учество ќе земат 55 репрезентации, поделени во четири лиги (во однос на квалитетот, „А“ „Б“ „Ц“ и „Д“), а сето тоа ќе се изврши по крајот на квалификацискиот циклус за СП Русија 2018, идниот месец.

Во Лига А ќе играат: Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Франција, Англија, Италија, Полска, Хрватска, Исланд и Велс.

Лига Б: Русија, Северна Ирска, Словачка, Шведска, Холандија, Украина, Босна и Херцеговина, Австрија, Турција, Република Ирска, Данска, Унгарија.

Лига Ц: Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Шкотска, Чешка, Романија, Грција, Бугарија, Израел, Норвешка, Кипар, Финска, Естонија, Азербејџан.

Победниците на групите во Лигата А ќе играат фајнал фор за да се добие конечниот победник во Лигата на Нациите, додека најслабите четири од следната сезона ќе играат во Лигата Б, од каде, пак, најдобрите четири ќе одат во Лига А. Истото ќе биде и со Лигата Д и Ц, каде најдобрите четири ќе одат ранг погоре, а најслабите четири ранг подолу.

Но, освен тоа, победникот на секоја лига, која ќе се добива по фајнал-фор систем, ќе обезбеди директен пласман на Европското првенство во 2020 година кое ќе се одржи во 13 различни земји.