Македонија зачекори кон ЕП Хрватска 2018

Македонија ја победи Украина со 27:21 во премиерниот квалификациски натпревар за ЕП во ракомет што ќе се одржи во Хрватска во 2018 година.

Нашата репрезентација имаше добри стартни четири минути, каде што поведе со 2:1, но, потоа како да следеше пад.

Сепак, успешно се вративме и по 30 минути игра имавме водство од 13:10.

Ристовски беше одличен на голот, а во нападот капитенот Кире Лазаров постигна 12 погодоци од 16 обиди, а Дејан Манасков шест гола.

Кај Украинците Жуков и Козакевич постигнаа по четири погодоци.

На 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка.

Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.