Македонија се пласира на ЕП во Полска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година се пласира на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска.

Вечерва нашите млади фудбалери славеа над Шкотска со 2:0.

Головите ги постигнаа Кире Маркоски во 19, Енис Барди во 22 минута.

На рака на Македонија и одеше победата на Украина на гостински терен против Исланд од 3:2.