Македонија ќе го организира женското сениорско ракометно Европско првенство 2022

 

 

Македонија заедно со Словенија и со Црна Гора најверојатно  ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во женска конкуренција во 2022 година  откако  Ракометната федерација на Македонија потврди дека нивната кандидатура е единствена пристигната во ЕХФ. Сега се чека  само инспекција на одговорните лица од ЕХФ и евалуација на кандидатурата.

Одлуката за заедничка организација на Македонија, Словенија и Црна Гора на Европското сениорско првенство во женска конкуренција во 2022 година, треба да се потврди на ЕХФ конгресот во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година.

Доколку ЕХФ ја потврди кандидатурата, тоа ќе биде второ сениорско Европско ракометно првенство што ќе се одржи  во Македонија. Претходно, Македонија беше домаќин на Европското првенство за ракометарки во 2008 година