Македонската кујна во VOGUE

 

Зошто Македонија станува гурманска дестинација, со ваков наслов планетарно познатиот часопис за висока мода VOGUE, во последниот број објави статија за традиционалната македонска кујна.

Илустрирана со фотографии од домашно приготвени јадења и дел од убавините и историјата на нашата земја, авторот на текстот, ги опишува своите искуства со изворните традиционални јадења од македонската кујна.

 

Авторката  е воодушевена од начинот на приготвување, од вкусот, но и од природноста на состојките со кои се приготвува храната.

 

Потенцира дека овде, во Македонија акцентот е ставен целосно на квалитетот, а се употребуваат исклучиво природни, органски состојки, за разлика од адитивите и конзервансите на кои сме навикнати во западната кујна, вели тој.

 

Нашата земја ја опишува како дел од поранешна Југославија, со богато историско минато, со природна убавина што го одзема здивот и co гостољубиви луѓе.

,,Каде и да одиш секој оброк е подготвен со страст и љубов, без разлика дали си во центарот на главниот град или во дневната соба на некој земјоделец од локалното блиско село”-стои во оваа репортажа на VOGUE.

Преку разговори со производители на органска храна, сопственици на ресторани и хотели, VOGUE пишува за специфичноста на македонската кујна, на влијанието на турската кујна поради долговековното присуство на Отоманската империја, како и прифаќањето на дел од начинот на исхрана под западно, модерно влијание.

 

На крајот од репортажата се препорачуваат неколку ресторани, хотели и винарија при посета на нашата земја.

VOGUE е највлијателен и престижен магазин за висока мода, а на неговите страници може да се најдата само реклами на елитните светски модни марки. Долгогодишен уредниk на изданието е Ана Винтур.