Пред полна сала, Македонската филхармонија со синоќешниот концерт „Среќен ти роденден“ славеше 73. години од постоењето. Силни беа аплаузите за солистот Љубиша Кировски на виолина, маестро Борјан Цанев и оркестарот на Македонската филхармонија, за изведбата на делата на П. Шахов, К. Голдмарк и Џ. Гершвин. Директорот Виктор Илиески, музикологот Марко Коловски и Бранка Костиќ, претседател на УО на МФ, одржаа пригоден говор пред почетокот на концертот, навраќајќи се на дел од историјатот на оваа институција, а на дел од вработените кои одбележуваат јубилејни годишнини од својата работа, им беа врачени пригодни подароци.

 Фото: Бранка Костиќ Марковиќ


Македонската филхармонија со вчерашниот концерт почна соработка со компанијата „Туркиш еарлајнс“ и во таа чест на лотарија беа доделени два повратни авионски билети до Истанбул. Среќните добитници беа господинот Миле Барбаровски од Македонската филхармонија и господинот Александар Тасевски меѓу гостите во публиката.