Уште еден скандал со доделувањето државни дотации од Министерство за култура на конкурсот за проекти од национален интерес.

Македонската група Bernays Propaganda, која е меѓународно позната со својот модерен музички стил и видео записи, е изненадена од информацијата за која дознале вчера, дека во април треба да држат концерт со Македонска Филхармонија.

Како што пишува музичкиот хрватски портал Равно до дна, Македонска Филхармонија добила 4.000 евра за концерт со оваа група, кој наводно треба да се одржи на 27 април, но членовите на  Bernays Propaganda појма немаат за ова.

Се сомневаат дека е во прашање измама , но засега, како што пишува порталот, уште не се знае кој се послужил и го злоупотребил нивното име и репутација. Всушност, за да може некој да аплицира за конкурс за доделување средстава за проекти од национален интерес во Министерство за култура, и да го користи нивното име, мора да има потпис и согласност од групата, што не е случај со оваа апликација.

Васко Атанасовски, гитарист на групата,  за овој портал изјавил дека никој никогаш воопшто не ги побарал за вакво нешто, па според него, повеќе од јасно е дека со ова ги фатиле државните структури во криминал.

Атанасовски информира дека тие веќе подготвуваат тужба, иако кажува и дека лани во април имале неколку повици од тогашната директорка на Филхармонија, Маја Чаначевиќ, но не било ништо конкретно договорено, а потоа дошол нов директор.

Bernays Propaganda сега бараат од новото раководство да ја добијат апликацијата на увид, за да знаат за што станува збор.

 

Bernays Propaganda