Македонскиот буџет оштетен со 69 милиони евра заради даночните и царински олеснувања за странските инвеститори

На денешната прес конференција во Влада на РМ, портпаролот Миле Бошњаковски, потенцираше дека Владата во целост ќе ги исполни сите договори со странските инвеститори кои се со важност. Важно е Владата да ги исполни своите преземени обврски, странските инвеститори може да бидат сигурни во тоа, не е важно кој ја предводи владата, бидејќи обврските се на Влада на РМ, рече Бошњаковски.

Агенција за странски инвестиции во изминатите 10 години поделила  кеш пари, 26 милиони евра, неповратни грантови од буџетот на РМ, неповратни.

Потрошени се 14 милиони евра државни пари за креирање работни места кај странските инвеститори, но немало јасни критериуми, некои инвеститори добивале по 1000 евра , а некои 11.000 евра од работно место.

Бошњаковски потенцираше дека од 20.000 прикажани нови работни места кај странските инвеститори, поголемиот дел се преземени од домашното стопанство.

Дополнително, исплатени се неповратни 5 милиони евра од буџетот, за обуки на вработените.

И тука немало јасни критериуми, во некои компании по работник се давало по 100 евра,  во некои по 3.000 евра по работник.

Владата на Груевски во изминатите години дала буџетски неповратни средства во износ од  10 милиони евра кеш пари, за градежни работи .

 

Даночните и царинските ослободувања за 10 години за странските инвеститори изнесува  69 милиони евра.

Ова е од особен интерес да ја знае македонската бизнис заедница, рече владиниот портпарол.

Наспроти ова, само 1 процент од набавките кај странските инвеститори се од македонски компании.

Како што објавивме, 225 милиони евра за 25 странски компанија, се исплатени во изминатите десет години од Владата на Никола Груевски, изјави портпаролот на Влада на РМ, Миле Бошњаковски.

Според анализата што ја направи Владата предводена од Зоран Заев, покажува дека едно работно место, од вкупно 20.000 колку се прикажани во странските компании, по 11.000 евра за едно работно место, го чинело буџетот на РМ.

Овие вработувања не биле нови вработувања, туку преземени работници од македонското стопанство. Значи не се креирани толку нови работни места, вели Бошњаковски.

Овие податоци произлегоа од  декласификација на договорите, кои беа прогласени за државна тајна, но актуелната влада ги декласифицираше.

Не постои документ или водич со јасни критериуми за преговарање со странските инвеститори.

Сите преговарале, од министри, до промотори и директори.

Бидејќи договорите биле тајни, ,,успесите“ на тимот на Груевски , биле поткрепени со шоу кампањи.

Од анализата и бројките за одлеани пари од македонскиот буџет за привлекување странски инвестиции и бенефитит за македонската економија, произлегува дека ,,ова било политика за економско шоу на Груевски , а не за економски раст на македонската економија“.

АКО.мк