Македонски филмски класици на Вардар филм во кино

Фестивал “Вардар филм прикажува македонски филмски класици” по втор пат од 21 до 25 ноември во киното Синеплекс во Скопје.

Четири исклучително важни играни и пет документарни филмови кои беа создадени под логото на “Вардар филм” ќе бидат прикажани на второто издание на Фестивалот “Вардар филм прикажува македонски филмски класици” кој ќе се одржи од 21 до 25 ноември во киното Синеплекс во Скопје.

Станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа “Вардар филм” од 1950 до 1997 година.

Љубителите на седмата уметност ќе може да ги видат класицте: Фросина (1952) во режија Нанановиќ Воислав; Каде по дождот (1967) во режија на Слијепчевиќ Владан; Џипси Меџик (1997) во режија на Столе Попов; Виза на злото (1959) во режија на Штиглиц Франце и документарните филмови: Дае (1979) во режија на Столе Попов; Пула 1956 (1956) во режија на Славко Јаневски; Радосно детство (1950) во режија на Благоја Дрнков; Тенда (1955) во режија на Петровски Ацо; Охрид (1954) во режија на Билбиловски Киро.