Макрадули: Иницијaтива за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

На денешната прес конференција одржана во прес центарот во Владата на Р. Македонија заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, информираше дека Владата на вчерашната седница формираше Интересорска работна група, од повеќе институции за следење на состојбата на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Притоа Макрадули упати јавен повик за приклучување кон оваа иницијатива до сите невладини организации, еколошки друштва и здруженија на граѓани за да се дојде до што поквалитетни мерки и решенија.

Областите во кои се предвидуваат препораки, мерки и акции за намалување на загадувањето се: домашните ложишта, јавниот транспорт, мерки за намалување на загаденоста од сообракајот, градежништвото, индустриските капацитети, посоодветни и посовремени начини за третирање на отпадот преку примена на современи технолошки и иновативни решенија. Исто така ќе се преземат мерки и иницијативи за едукација и подигнување на јавната свест кај сите нас дека сите можеме да допринесеме за намалување на загаденоста во нашата средина.