Малолетник и 19-годишник за два дена направиле 59 кражби и кривични дела

СВР Скопје,до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе Писмено известување за А.В. (19) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје поради постоење онови на сомнение за сторени 59 кривични дела, од кои 16 се кривични дела „тешка кражба“, 42 се кривични дела „тешкa кражбa во обид“ во моторни возила и едно е кривично дело „одземање на моторно возило“, и против Е.Х. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „прикривање“.

Од 01.40 часот на 30.05.2017 до 04.00 часот на 31.05.2017 година на ул. „Антон Попов“ во општина Кисела Вода,  А.В. и Р.М. извршиле 19 кривични дела( пет тешки кражби, 13 тешки кражби во обид и едно одземање на моторно возило). Тие, преку влезна врата од зграда, влегле во подземна гаража и со шрафцигер и употреба на физичка сила направиле отвори на стаклата од возилата кои биле паркирани. Преку отворите влегле во внатрешноста на возилата, одзеле пари, алати, радио, далечински управувачи за излез од гаража и други предмети. Тие пронашле и резервен клуч од патничко возило „Алфа 147“ и со него ги изнеле сите предмети и побегнале. Подоцна, со истото возило, А.В. на ул. „Емил Зола“ предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во повеќе паркирани возила, по што двајцата го напуштиле возилото.

Од 23.00 часот на 09.06.2017 до 07.00 часот на 17.06.2017 година на подрачјето на општина Аеродром пријавените извршиле 40 кривични дела (10 тешки кражби,  29 тешки кражби во обид во моторни возила и една тешка кражба на велосипед).  А.В. и Р.М. со шрафцигер ги отворале влезните врати од влезовите и подземните гаражи од зградите и со истиот алат направиле отвори  на стаклата од возилата кои биле паркирани. Преку отворите влегле и одзеле предмети, по што го напуштиле местото. На 17.06.2017 година, на булевар „Видое Смилевски Бато“, кога се подготвувале да извршат други кривични дела, тие биле забележани од страна на граѓанин, по што побегнале. А.В. и Р.М., во два наврати, дел од украдените предмети ги продале на Е.Х., кој и покрај тоа што знаел дека предметите потекнуваат од кривични дела, ги препродал на трети лица за повисока сума. Со извршување на овие кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 126.500 денари.