Манекенката Катарина Ивановска ужива во мајчинството

Нашата најпозната манекенка и модел Катарина Ивановска која се породи пред неполн месец, сега е во Охрид и ужива во мајчинството, а нејзиниот Вања, раскажува таа, е навистина мирно бебенце. Се породила спонтано, со епидурална анестезија и вели дека тоа било преубаво искуство кое сака да и се повтори барем уште еднаш.

Какво е твоето искуство од породувањето, дали се породи по природен пат, со епидурална анестезија или со царски рез? 

Се породив спонтано со епидурална. Не ни размислував за царски рез, ниту пак сакав. Искуството е преубаво, кратко и сакам да ми се повтори најмалку уште еднаш.

Што мислиш за актуелните трендови во светот од породување дома, во базен, и слично?

Секој си има право на свој избор. Немам ништо против тоа како една мајка ќе донесе нов живот на овој свет. Тоа е нејзин личен избор. Се разбира, се додека не го загрозува нејзиниот и животот на бебето

Дали на твоето породување присуствуваше твојот партнер и доколку присуствувал, како тој го поднесе породувањето?

Не присуствуваше, мислам дека немаше потреба.

Се уште ти е многу тазе се, но сепак, се поднавикна ли малку на новата улога на мајка, како се снаоѓаш со Вања, дали го доиш, дали самата го бањаш или ти помага некој?

Го дојам, го бањам, но секогаш имам помош и поддршка од партнерот. Мислам дека и двајцата сме создадени да бидеме родители.

Линк:Мајка и дете