Мареј на тенискиот трон!

Енди Мареј го превзеде првото место на АТП листата откако канадскиот тенисер Милош Раониќ поради повреда му го предаде полуфиналниот меч на Мастерс турнирот во Париз.

Од понеделник тој и официјално е лидер кај тенисерите.

Одлуката да не излегува на терен Раониќ ја соопшти половина час пред закажаниот термин за вториот полуфинален меч, на прес конференција.

„Во четвртфиналето почуствував болка во ногата. Не обрнував внимание, но утринава едвај станав од креветот. Лекарите утврдија дека имам повреда на мускулот“, објасни Канаѓанецот од црногорско потекло.

Раониќ воопшто не излезе на терен, па Мареј, без борба, за пет поени го претекна Ѓоковиќ на АТП листата, после 122 недели владеење.

Србинот сега има 10.780 поени, а Британецот 10.785, со можност да ја зголеми предноста ако победи во утрешното финале против Изнер.

Ако го освои турнирот тогаш Мареј ќе има вкупно 11.185 поени

Мареј е првиот, надвор од големата тројка, во која беа Федерер, Надал и Ѓоковиќ, уште од 2004 година, на врвот на тенискиот караван.

novak-djokovic-111

„Ова е крај на една епоха, но не и на целата бајка во која Новак беше главен актер. Новак има само 29 години и тениската пензија е се уште далеку. Пред него е предизвикот да освои уште шест гренд слема и засекогаш да го помине уште неприкосновениот Федерер“, велат познавачите на „белиот спорт“.

Ѓоковиќ веќе на следниот турнир во Лондон може да се врати на пиедесталот, но само ако го одбрани трофејот на мастерсот во „О2 Арената“.

Дури и во случај Мареј да го освои турнирот во Париз и влезе во финалето на завршниот турнир кој почнува на 13 ноември, тоа нема да му биде доволно да остане светски рекет број 1 ако Ѓоковиќ повторно триумфира на последното натпреварување во 2016 година.