Марија Шарапова се враќа меѓу сто најдобри тенисерки

По победата над домашната претставничка Софија Кенин,  во два сета со 7-5 и 6-2 и пласманот во четвртото коло на Отвореното првенство во Америка, УС Опен , Русинката Марија Шарапова повторно ќе биде меѓу стоте најдобри тенисерки на ВТА листата.

Во борбата за пласман во четвртфиналето Русинката ќе се сретне со 17 тенисерка на светот, Анастасија Севастова од Летонија.

За разлика од Шарапова петтиот носител на турнирот Вознијачки испадна веќе во второто коло од Макарова.

Во четвртото коло на УС Опен се пласираа и Венус Вилијамс која  триумфира со 6:3, 6:4 над Марија Сакари, како иГарбиње Мугуруза која загуби само два гема во мечот со Магдалена Рибарикова (6:1, 6:1).