Мартин Шулц објави крај на коалицијата со Меркел и најави опозициско дејствување

Откако стана јасно дека Ангела Меркел по четврти пат ќе победи на парламентарните избори во Германија, кандидатот на СПД за канцелар Мартин Шулц, најави дека со ова престанува коалициската соработка со демохријанската ЦДУ на Ангела Меркел и од денеска ќе делуваат како опозициска партија. За првпат по повеќе години  во германскиот Бундестаг влегува една крајно десничарска партија, што претставува сериозен предизвик за германското општество, рече Шулц. Тоа е заради лошата имиграциска политика на меркел, рече тој, а присутните тоа го поздравија со бурен аплауз. СПД според неофицијалните излезни анкети има освоено 20, а Меркел 32 проценти од гласовите.