Марјан Ристески по 4 пат ќе се кандидира за градоначалник на Прилеп, Владо Мисајловски за Ѓорче Петров

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници:

За Прилеп, Марјан Ристески, актуелен градоначалник на општина Прилеп,

За Брвеница, Стојан Тодороски долгодишен активист и претседател на Општинкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За општина Демир Капија, го предлага Извршниот Комитет, господинот Трајче Димитриев, инаку актуелен градоначалник.

За општина Новаци, Извршниот Комитет го предлага Лазар Котевски,  актуелен градоначалник.

За општина Ѓорче Петров,ВМНРО-ДПМНЕ, односно Извршниот Комитет на Централниот Комитет ќе го предложи Владо Мисајловски поранешен министер за транспорт и врски, поранешен државен секретар во министерството за надворешни работи и  директор на Агенција на државни патишта;

За општина Гостивар, Дафина Стојаноска.

За општина Тетово, Горан Манојлоски.

За општина Радовиш, Извршниот Комитет на Централниот Комитет ќе му го предложи  Сашко Николов, актуелен градоначалник.

За општина Вевчани, Извршниот Комитет на Централниот Комитет ќе му го предложи господинот Цветомир Угриноски,  актуелен градоначалник на општина Вевчани.

ВМРО-ДПМНЕ се водеше исклучиво според личниот и професионалниот капацитет на кандидатите, нивниот досегашен придонес, но и визијата за локалниот развој во општината во која се кандидира. Сите кандидати уживаат углед, кредибилност и поддршка помеѓу граѓаните што е гаранција за напредок и реализација на бројни проекти во интерес на локалната заедница-изјави Генералниот секретар Христијан Мицкоски.