Марјан Цветковски е реизбран за Генерален директор на МРТВ

Актуелниот директор на МРТВ, Марјан Цветковски, е реизбран на оваа функција, откако стариот Програмски совет, чиј мандат истекува кон крајот на годината, на 26 јануари распиша конкурс за нов директор.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава, но конкурсот беше распишан пред истекот на мандатот и пред да се донесе новиот Закон за медиуми, кој е во  процедура.

Функцијата генерален директор ја извршува од 2012 година.

 

Тој доби уште три години мандат. Реформите во МРТВ се уште не се започнати , иако тоа бeше едно од најважните барања на Европска комисија, што е нотирано и во Извештајот на Прибе. СДСМ најавуваше дека тоа ќе биде нивен приоритет кога ќе дојдат на власт, но и по 8 месеци таму нема никакви реформи или промени.

Фото: Архива- Марјан Цветковски со претседателот Ѓорге Иванов