Маја Морачанин на местото на Поповска

Маја Морачанин членка на ДОМ ќе дојде на местото за кандидат за пратеник на листата што ја формираше СДСМ со коалициските партнери и граѓанскиот сектор.

На седница на Централниот одбор на партијата едногласно е поддржан предлогот Морачанин да ги претставува зелените на опозициската пратеничка листа.

Претходно, на листата беше претседателката на партијата Лилјана Поповска, но по силните негативни реакции, посебно на социјалните мрежи, Поповска се повлече од добитната комбинација во втората ИЕ на место број 4.

Морачанин е од почетокот во ДОМ, а била активна како претседател на жените, членка на партијата , но и портпарол.

Од ДОМ велат дека таа ги има сите атрибути да одговори на предизвикот бидејќи учествувала на сите нивоа на одлучување во партијата, била иницијатор за разни движења за правата на жените, а особено била активна и протестила против ограничување на правото на абортус.

Маја Морачанин ја претставувала ДОМ на многу меѓународни собири на зелените.

Исто така, била редовна на протестите на Шарена револуција и активно ја поддржувала.

Маја МОрачанин по професија е доктор и има приватна ординација.