Маја Оџаклиевска очајно бара помош за својот аутистичен внук

Пејачката Маја Оџаклиевска која живее и работи во Белград, ги преживува најтешките моменти од својот живот, пишуваат српските медиуми.

Таа реши јавно да проговори за болеста на својот седумгодишен внук Лука кој боледува од аутизам.

Оџаклиевска вели дека се решила на ваков чекор затоа што со нејзината ќерка и семејството преживуваат тешки моменти, а не знаат како да му помогнат на Лука:

,,Дали знаете колку е тешко кога не можете да му помогнете на своето дете, а го гледате како се самоказнува, а  не може да ви каже што му е “-вели Маја.

Имено, Лука син на нејзината ќерка, има аутизам и не може да зборува. Тој во првите две години од животот изговарал мама, тата, баба, но сега повеќе не зборува.

Маја Оџаклиевска апелира до сите родители што имаат вакви деца да проговорат и да се побара помош од заедницата, која често не разбира со што се соочуваат тие.