Повеќе од 300 одиграни натпревари за 11 години, беше доволна причини германскиот бундеслигаш Мајнц  денеска на легендата на македонскиот фудбал, Николче Новески да му организира ревијален натпревар во негова чест.

Пред повеќе од 13.000 гледачи, нашиот дефанзивец за последен пат истрча на тревникот на „Опел арената“, а неговото збогување од Мајнц предизвика многу емоции кај присутната публика и кај самиот фудбалер. Новески беше бурно поздравен од присутните фанови.

„Благодариме Николче“, скандираа фановите.

Во ревијалниот меч се сретнаа тимот на Мајнц, кој го предводеше Јирген Клоп, и тимот на „другарите на Николче“, на чија тренерска клупа беше Томас Тухел. Во едно вистинско фудбалско шоу, при што Новески беше стрелец на два гола, победа славеше тимот на Мајнц со 8-5.