МВР објави видео од апсењето на Сеад Рахиќ и криминалната група

Вчера (17.02.), во рамки на ОА “Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на уличното дилерство на дрога, Одделот за Сузбивање на Организиран и сериозен kриминал при МВР реализираше случај при што откриена е криминална група составена од пет лица и тоа С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34). Имено, по претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје, но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во кординација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје, како и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од 3000 до 4500 денари за едно пакетче. Кокаинот бил набавуван од непознато лице од  Србија во помали количини, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога. Во рамките на меѓународната полициска соработка ќе се преземат дополнителни активности за идентификување на српскиот државјанин. Од страна на С.Р како организатор на групата, биле ангажирани МД. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, а по продажбата редовно го известувале С.Р. за паричните средства кои биле добиени. Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.

По претходно издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка извршени се претреси на пет локации .

При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда одземени се следните предмети: во домот на С.Р. одземени се едно полиетиленско пакетче со бела прашкаста материја, 50 куршуми 9мм, едно ПМВ Голф 5 и три мобилни телефони; во домот на З.М. одземени се четири полиетиленски пакетчиња со непозната бела прашкаста материја; во домот на М.Д. одземени се 22 куршуми 5,56мм, реденик со 12 патрони со различен калибар,43 патрони со калибар 16мм, куршум 7,65мм, најлон кеса со непозната растителна материја , чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон; во домот на М.М. одземени се седум банкноти од по 1000 денари, две банкноти од по 500 денари и еден мобилен телефон.

Во текот на денов (18.02.) од слобода беше лишено и лицето З.С. од с. Врапчиште-гостиварско и обезбедено од страна на полициски службеници од СВР Тетово. Исто така во текот на криминалистичкото истражување ова лице е претходно документирано за кривично правен настан со недозволена трговија со дрога и беше одземена првата количина кокаин од 9,77 грама.

Во текот на денот од страна на ОКТИВ ќе биде извршено вештачење на предметите пронајдени при претресите, а до надлежното ЈО ќе биде поднесена кривична пријава против лицата за сторени кривични дела„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка.

Соопштение на МВР