МВР трага по едно лице за убиство на Мартин Јанушев сторено заради меѓусебни недоразбирања

МВР на денешниот брифинг соопшти дека трага по едно лице за убиството на Мартин Јанушев, кое се случи пред пет дена во општина Аеродром.

Засега како осомничен за ова убиство е лицето по кое се трага, велат од МВР. Прегледаните снимки и сослушаните сведоци, како и доказите од местото на трагедијата, укажуваат дека во убиството на Јанушев е инволвирано ова лице, кое е во бегство.

Министерот Спасовски соопшти дека се уште се собираат докази за евентуална инволвираност и други соучесници.