На брегот на вештачката акумулација ,,Стрежево“, риболовци, кои имаат формирано и ФБ група ,,Корморани“, поставија фотографии, направени денеска , на кои се гледа дека е складиран медицински отпад. Дивата депонија е меѓу зеленилото и дрвјата на брегот на вештачкото езеро, каде често рекреираат риболовци, а во лето е и излетничко место.

Од фотографиите може да се види производителот и видот на медицинскиот отпад, а веројатно тоа ќе биде добра трага за санитарните инспектори за да откријат од која медицинска установа е фрлен овој штететен отпад. Акумулацијата Стрежево се наоѓа во битолскиот регион.

No automatic alt text available.
No automatic alt text available.
Image may contain: outdoor, nature and water
Image may contain: plant, outdoor and nature
Image may contain: sky, cloud, outdoor, water and nature