Мексикански фудбалер го усмртил судијата заради црвен картон(видео)

Локален фудбалер кој настапува во аматерска лига  во гратчето Тулансингу на 120 километри од Мексико Сити, со удар во главата го усмртил судијата откако му поделил црвен картон.

По ова фудбалерот се дал во бегство, а полицијата уште трага по него.

Според извештајот по направената обдукција, судијата починал од внатрешно крварење по силниот удар што го добил на теренот.