Меркел во работна посета на Етиопија

Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше вчера, при посетата на Етиопија, со премерот Хајлемари Десален за неодамна воведената вонредна состојба во таа земја и на други теми, вклучувајќи ја и миграцијата.

Меркел им пружу поддршка на демонстрантите и ветила дека ќе се залага за поголема слобода во Етиопија, наведувајќи дека „енергичното граѓанско општество е составен дел на оваа земја во развој.“

Канцеларката рекла дека Германија се понудила да ги подучува полицајците од Етиопија како да се справат со насилни демнстрации, поради кои една од најсилните економии во Африка во неделата прогласи вонредна состојба, прв случај после 25 години.

merkel-2

„Секогаш ќе се залагам да се соработува со луѓе со различно политичко мислење и да се овозможи да ги изнесат своите политички ставови, на крајот на краиштата, искуството покажува дека после такви разговори доаѓаат добри решенија“, навела германската канцеларка.

Премиерот на Етиопија, Хајлемари Десален рече дека неговата земја е подготвена да го зајакне дијалогот и да отвори политички простор за различни општествени групи.

Тој нагласил дека Етиопија се залага за повеќепартиско демократско општество и за почитување на човековите права, но дека е против сите насилни и вооружени групи.

Меркел африканската турнеја на почна оваа недела со посетите на Мали и Нигер, во насојувањето да го сврти вниманието на светската мигрантска криза и да разговара за безбедносните прашања со африканските колеги.

Етиопија која е меѓу најсилните економии во Африка, една е од државите во кои има најмногу бегалци на светот, стотици илјади луѓе од Сомалија, Јужен Судан и други држави.