Меркел и Шулц сметаат дека нема место за Турција во ЕУ

Германската  канцеларка Ангела Меркел, во предизборниот тв дуел со нејзиниот противкандидат од редовите на социјалдемократите Мартин Шулц, изјави дека Турција не треба да стане членка на ЕУ и дека треба да се прекинат преговорите.

Таа изјави дека не гледа начин Турција да стане членка на ЕУ и дека никогаш не верувала во тоа. Најави дека со колегите во Унијата ќе разговара да се прекинат преговорите со оваа земја.

 

Ист став има и нејзиниот противкандидат и претендент за местото канцелар, Мартин Шулц, кој најави дека ќе ги прекине преговорите доколку биде избран за канцелар на Германија.