Меркел објави победа, но се надевала на подобар резултат

Германската канцеларка Ангела Меркел објави дека тие ја добиле довербата од граѓаните да формираат Влада, но сепак, како што рече, очекувала подобри резултати.

Таа ја оцени кампањата како тешка и им се заблагодари на гласачите и поддржувачите.

По 12 години, пак ќе бидеме одговорни за водење на државата, рече Меркел,  но изрази загриженост за влегување на крајно-десничараската партија во Парламентот.