Месиќ се извини за своите непримерни изјави за Јасеновац

Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ се извини за своите , како што се наведува во соопштението, непримерни изјави за усташкиот логор Јасеновац.

Тој во снимка објавена деновиве, а направена 1992 го негира постоењето на концентрационот логор во Хрватска за време на Втора светска војна и го нарекува работен логор.

Својата несреќна изјава пред 25 години ја оправдува со воениот амбиент што владеел тогаш и со неговото непознавање на работите. Сепак, наведува во извинувањето дека неговите антифашистички ставови кои се добро познати, не може да ги намали една ваква несреќна изјава.