Меси си подаде рака со Барселона, па се предомисли

По Нејмар, Барселона ризикува да остане и без првата ѕвезда Лео Меси.

Имено, според шпанските медиуми, Меси одлучил да не стави потпис на договорот за кој веќе си подаде рака со Барселона. Сегашниот договор на Аргентинецот е до следното лето, што значи дека од 1 јануари тој е слободен да потпише со секој клуб како слободен агент.

Ваквиот потег на Меси се поврзува со незадоволството од трансферната политика на раководството на Каталонците. Жозеп Бартомеу и неговиот борд на директори не се премногу популарни во моментов, многумина сметаат дека тие лошо раководат со клубот и се главни виновници за тоа што Нејмар замина. Исто така неуспешните обиди за купување на Филипе Кутињо (Ливерпул) и Анхел Ди Марија (ПСЖ) дополнително ја засилило  желбата кај Меси да си замине, пишуваат шпанските весници.

Ако Меси навистина се одлучи да ја напушти Барселона, главен фаворит да го види во своите редови е Манчестер Сити, каде што работи неговиот близок пријател Пеп Гвардиола.