,,Метју” се стиша, но се уште има опасност

Најмалку 882 лица загинаа во налетот на еден од најсилните урагани што ги зафати Карибите во последните 10 години. Тој сега е со јачина од трета категорија, на скалата на која има 5 мерни единици.

,,Метју” стаса до Јужна Каролина, а регистрирани се удари на ветер од 98 километри на час.На Хаити настрадаа 877 луѓе, а на Флорида пет. Голем број жители се евакуирани, а повеќе милиони луѓе останаа без струја.