Милион евра премија од принцот Бин Салман за фудбалерите од Саудиска Арабија

 

По победата над Јапонија од 1:0 што им гарантираше место на Светското првенство во Русија, фудбалерите на Саудиска Арабија ќе добијат премија од 5 милиони саудиски реали, или над 1 милион евра.

Саудискиот принц Мохамед Бин Салман бил исклучително задоволен од пласманот на за настап на Светското првенство следната година и му ветил на првиот човек за спорт на Саудиска Арабија дека  ќе ги награди играчите со високатапремија.

Ако Бин Салман го исполни своето ветување, оваа премија за играчите ќе биде рекордна во историјата на спортот.