Мило Ѓукановиќ нема да биде премиер

Главниот одбор на црногорската ДПС одлучи да ја прифати номинацијата од Претседателството на партијата за мандатар да биде предложен потпретседателот Душко Марковиќ.

Ова не е изненадување за црногорската јавност, бидејќи Ѓукановиќ и во минатото два пати се откажувал од оваа функција, но потоа пак се враќал како Претседател на државата. Враќањето секогаш го објаснувал со политичка потреба во битен момент за државата.

Претседателските избори треба да се одржат во 2018 година.

Мило Ѓукановиќ е најдолго на власт во било која форма, дали како претседател или како премиер, од сите лидери на Балканот. Во 1991 година со 29 години стана најмлад премиер во Европа.