Мило Ѓукановиќ ќе продолжи да владее со Црна Гора

Демократска Партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освоија 36 мандати од вкупно 81 во Собранито на ЦГ, Демократскиот фронт 18, Големата коалиција Клуч 9, а младата партија Демократи на Црна Гора на Алекса Бечиќ 8, додека СДП 4.

Опозицијата ја презеде локалната власт во Будва.

Ѓукановиќ и неговата партија имаат освоено најмногу гласови 41 процент, но тој нема да може сам да формира влада, па ке мора да бара партнери меѓу другите партии. Тие традиционално ги очекуваат мандатите на малцинските партии, но и со нив би имале најмногу 43 мандати.

Најголемо изненадување се 8 -те или 9 мандати на новата политичка ѕвезда Алекса Бечиќ.

Останува поделеноста во црногорското општество на една страна неприкосновениот долгогодишен владетел Мило Ѓукановиќ и на друга партиите што ги обединуваат црногорските срби.

Ова се неофицијални и првични резултати од десеттите парламентарни избори во Црна Гора по воведување на повеќепартиските избори.