Министерот Оливер Спасовски и началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ ,  во ЈЗУ Општа болница Куманово го посетија полицаецот кој беше повреден на денешниот  протест на граничниот премин Табановце и му посакаа што побрзо закрепнување, информира МВР.

Вчера попладне се случи инцидент меѓу демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираа граничниот премин Табановце и полицијата. Притоа, едно лице е приведено поради напад врз полициски службеник.

Претходно, беше објавено видео на кое се гледа како  демонстраните се туркаат со полицијата. ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела организира блокирање на неколку крстосници во Скопје, а вчера беше првпат да блокира граничен премин.