Министерството за социјала ќе финансира невладини со 2.400.000 денари

Министерството за труд и социјална политика денеска ги потпиша договорите со неколку невладини организации кои ќе бидат финансирани за проекти со кои конкурираа од областа на социјалата и беа избрани.

Потпишаните договори за поддршка на проекти се резултат од јавните конкурси кои беа објавени на веб страната на МТСП и на МРТВ на 18 и 21 јули 2017 година. Вкупниот фонд за поддршка на проекти изнесува 2.400.000,00 денари.

1. На јавниот конкурс за поддршка на Проект за унапредување на работата на Дневен центар за деца со аутизам Штип,  беше избран проектот на Здружението “Отворете ги прозорците”, Скопје.

2. За поддршка на Проект на здружение за социјална заштита на деца на улица, Избран е проектот на “Здружението за заштита на правата на детето”.

3. На конкурсот за поддршка на Проекти на здруженија за заштита на жртви на семејно насилство за 2017 година, поделен на три специфични цели, избрани се следните организации: Кризен центар “Надеж” – Скопје, Организација на  жени на град Скопје и Националниот совет за родова рамноправност.

4. На јавниот конкурс за поддршка на Проект за реинтеграција на бездомни лица, избран е – Црвен крст на Република Македонија – Црвен крст на град Скопје.

5. На Јавен конкурс за поддршка на Проект за психо – социјална  поддршка на деца во социјален ризик избран е проектот на Здружението  на граѓани “ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје