Министерство за земјоделство почнува со ревизија на договорите за закуп на земјоделско земјиште

Од денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствo, започнува со ревизија на регуларноста на процесот на доделување под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Резултатите од ревизијата ќе покажат дали доделувањето на државното земјиште под закуп било законски, дали се почитувале пропишаните услови и критериуми.

Крајно, оваа ревизија ќе покаже дали земјоделското земјиште во државна сопственост било доделувано во рацете на вистинските земјоделци.

Начелото на правичност и транспарентност, ќе биде еден од главните критериуми при доделување на земјоделското земјиште во идниот период, со цел тоа да биде во рацете на вистинските земјоделци-изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.