Министерство за култура:Со неговите смели ставови Дарко Лешоски заслужи да добие шанса да внесе свежина во СВП

 Дарко Лешовски пред да биде именуван за Претседател на УО на СВП, е ангажиран со авторски договор за следење и организација на настани, во рамки на Сектор за комуникации и односи со јавност во Влада на РМ.
Но, јавноста за ова дозна дури откако тој е ангажиран и од Министерство за култура и именуван на функцијата Претседател на УО на СВП, што подигна голема прашина.
Од Министерство за култура на нашето прашање одговорија дека именувањето на Дарко Лешоски е според закон и прописи:
 
,,  Што се однесува до именувањето на г.Лешоски  за претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, би сакале да нагласиме дека решението е донесено со целосно запазување на законската постапка, врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и член 35 став 2 од Законот за културата, којшто го пропишува начинот на именување и разрешување на органите на управување во националните установи од областа на културата.“
За критиките во јавноста и несогласувањето со неговото именување, од Министерство за култура велат:
,,    Во однос на јавните критики за именувањето на г.Лешоски за претседател на УО на СВП, би сакале да нагласиме дека секој од новоименуваните функционери ќе треба да ја заслужи довербата што му е укажана. Сметаме дека со неговиот досегашен ангажман и смели ставови, Лешоски заслужи да добие шанса во Фестивалот да внесе доза свежина, која што оваа сериозна и угледна манифестација ќе ја направи уште подобра и во поголем дослух со современите трендови.“- се вели во одговорот на Министерство за култура до порталот АКО.мк.