Мирослав Мишковиќ го купи ,,Холидеј ин”

Српската компанија „Делта рил естејт” е новиот сопственик на хотелот „Холидеј ин” во Белград и на „Белекспо центар”.

Ова го соопшти „Делта холдинг” , но не се наведува колкава е трансакцијата за овие два објекта. Мишковиќ сега е сопственик на еден од хотелите од познатиот синџир „Интерконтинентал група”. За српските медиуми од Делта холдинг рекле дека цената на купопродажбата е деловна тајна.

Белградскиот „Холидеј ин” е дел од најголемата светска групација „Интерконтинентал група” која со 5.000 хотели е присутна во сто држави, преку 12 брендови („Холидеј ин”, „Краун плаза”, „Интерконтинентал”…). Хотелот е во состав на „Белекспо центар” кој се протега на на 2.500 квадратних метара .

Мишковиќ последните години откако беше уапсен и суден во Србија се насочи во бизнис со земјоделството и хотелиерството. Во негова сопственост се и „Краун плаза”, а се најавува дека на пролет идната година ќе биде отворен и грандиозниот хотел „Интерконтинентал” во Љубљана и дека ќе почне изградбата на белградскиот „Интерконтинентал”.