Митаноски:Како ја гледам пат позицијата на градскиот совет во Охрид?

Признавам:Прв пат, после подолго време,бев затекнат со прашањето на водителката-како ја гледам пат позицијата околу новиот состав на градскиот совет во Охрид? Не обвинувам никого посебно (веќе сум напишал дека “пицата ја измислија Италијанците (СДСМ), а ја усовршија охриѓанците” (ВМРО ДПМНЕ), но, навистина, не верував дека живеам во амбиент на висока криминализираност, во средина на изгубеност и беспомошност до бескрај – достојна само на имагинацијата и перото на еден Франц Кафка!?

Дури и повеќе од тоа: Сега разбрав зошто во некои охридски меани, заштитно лице на ѕидовите е дон Вито Корлеоне!? Зошто градежната мафија имала свои претставници во Советот (па дури и во “медиумите” – ова морам во наводи),на идентичен начин, како што Корлеоне имаше сенатори, судии и весници на својот платен сисок! Но, дури, ниту тој “батка”, никогаш не помислил самиот да биде сенатор!!!???

(реакција на новинарот и колумнист Веле Митаноски)