Митаноски: Села се ,,самопобеди“ со изјавите што ги даваше за Македонците

Села ќе размисли добро и ќе види дека се “самопобедил” во Струга!

 Очигледно, дека Заев пред вториот круг гласање играше прагматична политичка “симултанка”! Не мислам дека ја изигра докрај брилијантно, можеби требаше да биде потактичен (со претходен договор со сите кои го поддржуваат во коалицијата), но за храброста и транспарентноста треба да му се честита.

Тоа е новата реалност во Македонија: Трампа на гласови во Чаир, Тетово  и Струга, за општини во Скопје, како и за град Скопје.

Покрај што Заев исцрта нова политичка стратографија, исцрта и нова политичка филозофија: Градоначалник на СДСМ во Арачиново! Уште и жена, уште и Албанка! A, речиси, како вчера да беше, кога го слушав екс-министерот Ѓорѓи Наумов – како ќе му ги поткаструва канџите на “орелот!” Или, пријателот Владимир Голубоски.

Тоа е политиката: Кој не знае да ја игра – низ фаули и потклоцнувања, нека оди во манастир! Како велеше “батко” Бранко” Народот е во право и кога греши!?

Што се однесува до Струга, посебно, Села не го победија само трансферираните гласови на Заев! Тој се самопобеди – со изјавите кои ги даваше за Македонците. Политиката е конзистентна работа. Не треба да го љутиш оној, кого утре треба да го молиш!?Едноставо, Села остана заробен во едно претходно време, кога “палеа” националистички изјави и изблици. Сполај му на Бога и на Универзумот, што барем малку се одлепивме од тоа време. Било- да не се повтори!

Не дека стружани заборавиле кој е  Мерко, какви изјави даваше околу верските објекти, како градеше свои универзитети во Струга!? И јас велам дека Села е подобар кандидат од Мерко.И јас пишував дека Села го преживеа “Крвавиот четврток” – за да живее Македонија! Знам дека, дивите орди помислија дека е Села мртов и дека ја завршиле работата!

 Ако не беше така, ќе се вратеа по Заев, за “персоната” која се уште се одзива на “претседател на Република Македонија!”, го чекаше 22 часот, да каже (прогласи!) нешто друго од она што го кажа!?

Верувам дека Села добро ќе размисли. Никој не може да ни го направи она што самите можеме да си го направиме. Било за арно, било за лошо!

Веле Митаноски

 

фото:Фокус