Мицкоски го реформира ВМРО ДПМНЕ со нови лица во ИК, нови потпретседатели и генерален секретар

,,Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои поголем дел од својот живот поминале во партиските структури и искусни политичари, така што во периодот што следува, убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе застане на здрави нозе и ќе може што поскоро да издејствува предвремени парламентарни избори и да ја формира следната влада на РМ“ – изјави претседателот на оваа партија Христијан Мицкоски, по одржување на ЦК на кој се избраа новите членови на ИК.

За членови на ИК се избрани Влатко Ѓорчев,  Коце Трајановски,  Трајко Славевски, Ане Лашкоска,  Даниела Рангелова, Владимир Нелоски,  Игор Николов, Драги Димитриевски, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Бајрам Требишки, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Орце Ѓорѓиевски. Нов претседател на  градска организација на ВМРО-ДПМНЕ е  Маријанчо Тодоровски, а за генералне секретар на партијата е избран Игор Јанушев. Потпретседатели се Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски.