Коце Трајановски на новиот градоначалник на Скопје му остави полна каса пари, полна благајна на градот со над 13 ипол милони евра и 6 милиони евра за градба на фасади на зградите или вкупно во денари EДНА МИЛИЈАРДА и 200  МИЛИОНИ денари или над 19 милиони евра, што преставува повеќе од половината од буџетот на градот Скопје. Овие пари мора да се искористат за капитални инвестиции и за развој на градот-изјави Ирена Мишева од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Освен солидната кондиција на градскиот буџет, сите Јавни претпријатија на градот Скопје, како ЈСП, Комунална Хигиена, Водовод и каналзација, Паркови и зеленило, Улици и Патишта, Градски паркинг и други се во добра финансиска состојба и ниту едно од тие претпријатија не работи со загуби. Сите претпријатија се  опремени со современа технологија и средства за вршење на работите.

Тоа е импресивен успех во споредба со 2009 година кога при преземање на функцоијата во градот, сите јавни претпријатија беа целосно запоставени со 17 милиони евра загуби и катастрофално лошо опремени-рече таа.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата очекува од новиот градоначалник Петре Шилегов и бара од него, без исклучок, да бидат завршени сите ПРОЕКТИ за кои се обезбедени средства, и кои се градат за потребите на граѓаните и за функционирање на градот Скопје. Како и оние кои ги ветуваше во предизборието. Граѓаните очекуваат работа.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во наредниот период ке обезбеди соработка и ќе даде подршка на сите проекти што се од интерес на граѓаните на Скопје и се од пошироко значење за граѓаните.  Но, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одлучно ќе се спротивстават на СЕКАКВА незаконитост и самоволие, на реваншизам и бркање од работа на градските службеници и нивно незаконско деградирање на пониски раборни места.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ решително ќе се спротивстави на било какви обиди и заговарање на уривање на веќе изградени објекти и објектите  од културното и историско значење на македонскиот народ и на државата Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партија која создава и гради и нема да дозволи да се урива тоа што е изградено во градот Скопје. Нашата определба е да се гради,  а да не се руши. Нашата порака е градите, а не уривајте,рече Мишева.