Веднаш по инаугурацијата Мишел и Брака Обама ја напуштија Белата куќа, а беа испратени од Доналд и Меланија Трамп.

Според американските медиуми, семејството Обама останува во Вашингтон каде има изнајмено куќа која чини 22000 долари месечна кирија и се наоѓа во квартот Калорама. Тие потекнуваат од Чикаго каде исто така имаат своја куќа, но одлучиле да останат тука до крајот на учебната година.