МК:Правописот е јавно добро и неговото издавање е регулирано со договор

Мистерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека издавањето на бесплатната електронска верзија од Правописот е уредено со договор, потпишан меѓу Националната и универзитетска библиотека “Св Климент Охридски” и авторите, преку нивниот полономошник и член на редакцијата, професорот д-р Живко Цветковски. Имајќи предвид дека коиздавачите на книжното издание, ИК „Култура“ и Институтот за македонски јазик, и авторите на книжното издание побараа да се откупат 2500-те примероци (Култура 2000 и 500 Институтот), овој откуп е регулиран во договорот на кој потписници се четири страни: НУБ, Институтот, застапникот и полномошникот на авторите и Издавачката куќа Култура.

Со Договорот, се регулираат следните меѓусебни обврски и права: НУБ од авторите го доби правото за електронско издавање на правописот и за тоа ќе исплати средства на ИК Култура и на Институтот во висина на бараниот износ за откуп на книжните изданија. Со склучувањето на овој договор авторите му даваат на Издавачот на електронското издание  „Правопис на македонски јазик“ исклучиво, неограничено право да го стави на располагање на јавноста делото во електронска форма, за понатамошно некомерцијално користење. Издавачот на електронското издание „Правопис на македонски јазик“ ќе го направи делото достапно во форма во која е доставено, односно со текст, табели, графика, слики и слично, но со технички прилагодувања кои се сметаат за неопходни за објавување на делото на интернет.

На веб страницата www.pravopis.mk, сопственост на издавачот на електронското издание НУБ, јасно се наведени имињата на авторите и коиздавачите и на книжното издание, како и иницијаторите и издавачите на електронското издание.

Во интернет акцијата за промоција на електронското издание на Правописот како јавно добро доброволно учествуваа многу граѓани, претставници на институции, граѓански организации, лингвисти, лектори и други општествено активни индивидуи. Министерството за култура уште еднаш им благодари на сите вклучени страни кои овозможија овој документ да стане достапен до сите граѓани и со тоа да ја извршува својата основна функција при зачувување и унапредување на македонскиот јазик, реагира Министерство за кутура.

Две авторки, Симона Груевска-Маџоска и Елка Јачева -Улчар, во изминатите денови реагираа за игнорантскиот однос на Институт за македонски јазик и неговата директорка, како и на тоа дека тие не биле ниту консултрани ниту поканети на промоцијата на електронското издание на Правописот на македонски литератирен јазик.

Сагата со правописот од Симона Груевска-Маџоска

Директорката на Институт за македонски јазик не ги поканила авторите на правописот на промоција