Млада Кинезинка се самоубила откако семејството одбило да потпише за царски рез(видео)

Бремена жена, која добила силни предпородилни болки, најверојатно  извршила самоубиство, бидејќи нејзиното семејство одбило да потпише дозвола за царски рез, како што е по кинеските закони.

Имено, таа молела да и биде извршен царски рез, бидејќи главата на детето веќе се наѕирала, но не можела да се породи по природен пат. Бебето било преголемо, пренесува кинеската телевизија CCTV, па жената со неподносливи болки,  молела за помош.

26-годишната жена и нејзиното неродено бебе починале откако таа паднала од петтиот кат во болницата каде што се требала да се породи. Истрагата треба да открие како таа паднала, но се претпоставува дека извршила самоубиство.

 

Видеото го прикажува нејзиниот очаен обид да измоли царски рез. Снимено е два часа пред смртта.