Застреланиот фудбалер Мартин Јанушев починал од повредите добиени од неколку куршуми испукани во неговата глава, објави на Твитер Министерството за здравство.

Тој бил донесен на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ без знаци на живот, а 40-минутните обиди за реанимација завршиле без успех, по што е констатирана смрт.

Јанушев беше застрелан во главата на улицата Владимир Комаров пред „Ред кафе“, во скопската општина Аеродром.

Oчевидец пред телевизиските камери раскажува за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев вечерва во скопската општина Аеродром.

Му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале со 4 до 5 куршуми  во главата и во вратот на 28 годишното момче. Случајни минувачи притрчале да му помогнат и веднаш со автомобил го однеле во Градската хируршка болница, но било предоцна.

Дежурен јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице.

Соседите велат дека се се случило многу бргу – ги чуле истрелите и додека сфатиле што се случува се било веќе завршено.

Неофицијално, убиството го извршиле двајца, а идентитетот на еден од нив и е познат на полицијата. Тие засега се во бегство.