МНР на Германија смета дека критиките за нивната амбасадорка од Иванов се неумесни

Критиките на македонскиот претседател Ѓорге Иванов се неумесни, порачаа од германското Министерство за надворешни работи.
„Се радуваме што претседателот Иванов, по долго размислување, донесе вистинска одлука и се откажа од блокадата.Обвинувањата против германските дипломати и дипломати на други пријателски држави се неумесни.
Познато е дека оценките кои се доставуваат во земјата-домаќин, секогаш се прават во тесна соработка меѓу Министерството за надворешни работи и амбасадорот“, се наведува во изјавата на германското МНР.

Иванов вчера ја обвини германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер дека се служи со „лажни вести“, и го критикуваше германското МНР дека „нивото на амбасадорот“ е навреда за неговата земја.