Могерини:По Брегзит-Македонија,Црна Гора,Албанија и Србија во ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, за италијанскиот весник ,,Ла Стампа“ изјави дека резултатите од претседателските избори во Франција покажаа дека ЕУ е жива и понатаму ќе се проширува. Таа потсетува дека Велика Британија до 2019 треба да ја напушти Унијата , по што сигурно нема да се ограничи членството на 27 земји , бидејќи Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија се кандидати за ЕУ.

,,Сигурна сум дека нема да се ограничи на 27 земји и сигурна сум дека по Брегзит ќе имаме нови членки. Мислам дека тоа ќе бидат земјите од Балкан . Многумина овој процес го нарекуваат проширување, но јас сакам да го гледам како реобединување“-изјавила Могерини.

Таа додала дека патот што треба да го поминат овие земји кон ЕУ е долг и тежок, но дека е сигурна дека тие ќе продолжат по тој пат.