Могерини ги собра на вечера лидерите од регионот

На маргините на Генералното собрание на ОН, европскиот комесар за надворешна политикa , Федерика Могерини, во Њујорк, приреди вечера за лидерите од нашиот регион.

На вечерата со премиерите и претседатели на Македонија, Косово, Албанија, Србија ,Хрватска , Црна Гора и Босна и Херцеговина , присуствувал и еврoкомесарот за проширување Јоханес Хан.

Како што се дознава, на неформалната вечера, се зборувало за европерспективите и соработката во регионот.