Могерини го напушти состанокот и ја откажа заедничката прес конференција со Рамуш Харадинај

Шефицата на  европската дипломатија, Федерика Могерини, го напуштила состанокот на Советот за придружување и стабилизација, заради постојаното инсистирање на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, да се зголеми учеството на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Според информациите на Радио Слободна Европа на албански јазик, Могерини лично била навредена, по што нервозно реагирала, излегла од состанокот и повеќе не се вратила. Во меѓувреме, била откажана и заедничката прес конференција, која била веќе најавена, а требало да се одржи веднаш по завршување на состанокот на Советот.